Corfu Island – Kavos

Крф по големина е втор од седумте јонски острови. Познат е по смарагдните заливи, кристално чистото море, луксузните хотели, убавите плажи опкружени со зеленило. Според грчката митологија, островот го добил името по ќерката на Асоп, бог на истоимената река, нимфата Керкира, која ја грабнал Посејдон. 

Долгата и турбулентна историја на Крф придонесува овој остров да има интригантен, шармантен, а понекогаш и мистичен карактер. Величествениот, зелен Крф, (Kerkyra), e хомеровата “прекрасна и богата земја”. Планините доминираат во западниот дел на островот и таму обалата е стрмна и драматична, додека внатрешноста е пространство на спокојна природа. Останатиот дел од островот изобилува со навистина прекрасни плажи од секаков вид.
Градот Крф бил седиште на европското учење уште во раните денови на модерна Грција. Жителите на Крф од дамнешни вемиња воспоставиле културни институции како што се библиотеки и центри за учење. Тие до денешен ден се горди на овие свои културни и интелектуални корени. Ова наследство, денес е видливо преку одличните музеи и богатиот културен живот, па се до врвната кујна под влијание на италијанската. Главниот град Крф е еден од најубавите градови во Грција. Сместен е на источното крајбрежје.
Островот располага со преубави песочни плажи, со кристално чиста вода, хотели, ресторани и места кои со својата убавина ќе ви овозможат незаборавни мигови со вашите најблиски. 
На Крф има безброј опции за сместување – хотели со 5 ѕвезди, приватни вили, студија и апартмани кои најчесто се веќе однапред резервирани.

Villa Entoni

Лоцирана е  во центарот на Кавос на околу 5 мин до плажа.

This villa is located in the center of Kavos, 5min from the beach.

28565 L Corfu Island   Kavos 28566 L Corfu Island   Kavos 28570 L Corfu Island   Kavos 28571 L Corfu Island   Kavos

 Price list :

Screenshot 1137 Corfu Island   Kavos

Screenshot 219 Corfu Island   Kavos

Screenshot 312 Corfu Island   Kavos

 

 

 

 

Be a Friend, Share!