ЛИСАБОН, ПОРТО и АЛБУФЕИРА

Бисерите на Португалија

 

Авион / 13 дена / 12 ноќевања

 

31. Јули (Петок)                   СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 19.30 часот. Полетување за Истанбул во 20.50 и пристигнување во 23.25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

01. Август (Сабота)             ИСТАНБУЛ – ПОРТО

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Истанбул. Полетување во 11.30 часот и пристигнување во Порто во 14.20. Трансфер до хотелот и сместување. Попладневна прошетка во Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листата на УНЕСКО како дел од светското наследство. Градот е сместен на брегот на реката Дуоро, на местото на древната римска населба “Portus Cale”, по која и цела држава го добила името. Посета на железничката станица Сао Бенто, украсена со типични португалски керамички плочки на кои е насликана историјата на Португалија. Слободно време за прошетка покрај реката, до сликовитиот кварт Рибеира со бројни мали ресторани и продавници. Ноќевање.

02. Август (Недела)             ПОРТО

Појадок. Разглед на Порто: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско со позлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, тука се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Прошетката покрај брегот продолжува до квартот Вила Нова де Гаја, со посета на винарска визба и дегустација на познатото десертно вино Порто. Во попладневните часови, препорачуваме прошетка до улицата Света Катерина и можност за уживање со добро кафе во познатиот кафе бар Мажестик. Ноќевање.

03. Август (Понеделник)    ПОРТО – АЛБУФЕИРА

Појадок. Организиран трансфер до хотелот во Албуфеира и сместување. Албуфеира е некогашно рибарско место со голем туристички пораст и едно од водечките туристички места во Алгарве. Градот се карактеризира со куќи со светла боја и рамка околу прозорците, чија архитектура потсетува на  куќите во Андалузија и соседните места, поради близината на Шпанија. Албуфеира е одличен избор за уживање на долгата и широка песочна плажа. Забава може да се најде во многу барови, ресторани и ноќни клубови, во тесните улички на ова фасцинантно место. Ноќевање.

04 – 07 Август                        АЛБУФЕИРА

Престој во избраниот хотел. Денови за краток и прекрасен одмор, капење и уживање на долгите песочни плажи. Најубавата слика се добива со посета на околината: Фаро, Портимао и Лагос.

08. Август (Сабота)             АЛБУФЕИРА – ЛИСАБОН

Појадок. Организиран трансфер од Албуфеира до хотелот во Лисабон и сместување. Попладневна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до плоштадите Росио и Рестаурадорес. Ноќевање.

09. Август (Недела)             ЛИСАБОН

Појадок. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

10. Август (Понеделник)    ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИТЕ

Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Прошетката продолжува по уличките со калдрма низ квартот Алфама со можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на централниот дел на Лисабон. Ноќевање.

11. Август (Вторник)           ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА

Појадок. Препорачуваме факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Вечерта, препорачуваме вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.

12. Август (Среда)               ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Истанбул во 11.30 часот. Пристигнување во Истанбул во 18.05 и полетување за Скопје во 19.25. Слетување во Скопје во 19.55 часот.

 

За уплата до 01 Јули                    999 евра   (61.950 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:             1099 евра  (68.150 денари)

 

Цената вклучува:                                                                   

- Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Порто и Лисабон-Истанбул-Скопје

- 1 ноќевање со појадок во Хотел во Истанбул и организиран трансфер од/до аеродромот Истанбул

- Трансфер од аеродромот во Порто до хотелот во Порто

- 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во центарот на Порто

- Трансфер од хотелот во Порто до хотелот во Албуфеира

- 5 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Албуфеира

- Трансфер од хотелот во Албуфеира до хотелот во Лисабон

- 4 ноќевања со појадок во Хотел 3* во центарот на Лисабон

- Трансфер од хотелот до аеродромот во Лисабон

- Разглед и прошетки во Порто според програмата

- Разглед и прошетки во Албуфеира според програмата

- Разглед и прошетки во Лисабон според програмата

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

- Аеродромски такси 9.790 денари

- Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил)

- Карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување 450 денари

 

НАПОМЕНИ                

- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 

- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62денари

 

*****Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето*****

Be a Friend, Share!