САНТОРИНИ Програма

 

Пакет аранжман за 10,12 и 13 дена.

Хотел 3* + автобус + брод

Програма на патување:

01 ден   Скопје-Атина (Пиреа)

Состанок во 14.30 часот на паркинг пред хотел Холидеј Ин. Тргнување во 15.00 часот.

02 ден   Атина (Пиреа) – Санторини (брод)

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Поаѓање за Санторини со брод со ”BLUE STAR” во 07.20 часот. Пристигнување во Санторини во 15.15 часот. Трансфер до вила/ хотел, сместување. Ноќевање

03 ден – 8 (10) (11) ден Санторини

Појадок. Слободни активности и можност за ФАКУЛТАТИВНИ излети. Ноќевање.

9 (11) (12) ден   Санторини – Атина (Пиреа)

Појадок. Слободно време.Трансфер до пристаниште во 14 часот. Поаѓање за Атина (Пиреа) во 15.30 часот. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.30 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје.

10 (12) (13) ден   Скопје – Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Во цената е вклучено:

– превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.

– превоз со брод (Blue Star Ferrie ) на релација Атина (Пиреа) – Санторини – Атина (Пиреа) – економска класа – дек седиште

– трансфер пристаниште-хотел-пристаниште + ВОДИЧ

– 7, 9, или 10  ноќевања со појадок  во 1/2 и 1/3  соби за сместување во вила/хотел  MEMENTO PERISA и Вила ЛИА

– организација на аранжманот и пратител на групата, македонски претставник на Санторини

Во цената не е вклучено:

– факултативни излети (со водич на македонски јазик)

– патничко осигурување 400 денари

– Доплата за :  авионски седишта 10€ по правец  /  бизнис класа 25€ по правец   /  кабина 50€ по правец

 

За користење само превоз и бродски билет Скопје-Санторини-Скопје:

     *Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Пиреа – Скопје 90€/5580 ден

     *повратен бродски билет 80€/4960ден

     * Бродски превоз фери за автомобил 90€/5580ден по правец

Напомени:

– Деца од 0год-2 год бесплатно (не користи седиште во автобус и лежај во хотел. Доплата за седиште 60€).

– За сопствен превоз се намалува 90€ од сумата на аранжманот.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата на 30% од целосната сума на аранжманот.

– Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред тргнување.

– Термините дадени во табелата се непроменливи. Деновите дадени во табелите се денови на тргнување од Скопје 15:00 часот попладне (состанок на групата 30мин порано). Ве молиме минимум 24часа (еден ден) пред секое тргнување од Скопје да се информирате за потврда на својата резервација, како и за времето и местото.

– Уплатите се вршат исклучиво во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

– Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.

– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

 

Цена за пакет аранжман за 7/ 9/ 10 ноќевања со појадок, сместување во двокреветни и трокреветни соби.

Screenshot 25 Santorini

 

ФАКУЛТАТИВИ

 

Full Day Santorini – bus tour

Опис на екскурзијата:

Поаѓање во  __:__  часот

Екскурзијата започнува со посета на Археолошкиот град Акротири – последните остатоци од минонската цивилизација изумрена пред 3000 години при големата ерупција на вулканот од Санторини. По завршувањето на посетата на археолошкиот град одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на плажата.

Продолжуваме кон највоскота точка на островот – планината Профитис Илијас, кое што име е добиено од манастирот Профитис Илијас и посета на дворот на манастирот од каде што имаме можност за панорамски поглед на островот Санторини и другите острови во круг на Санторини – кои припаѓаат во групата на Кикладските острови.

Од тука одиме во винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи.

Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички од каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Враќање во хотел во вечерните часови.

Цена: 35 евра

Вклучува:

  • Превоз со автобус
  • Локален водич на македонски јазик
  • Влезница во Археолошкиот град Акротири
  • Влезница во музејот на виното
  • Дегустација на 4 видови на вино
  • Организација на екскурзијата
  1. Caldera morning – cruising

Опис на ексурзијата:

Поаѓање во 10:00 часот.

Трансфер со автобус до пристаништето Athinos. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Од тука продолжуваме со бродот кон островот Tirassia – Слободно време за ручек во многубројните таверни на самото пристаниште или можност за прошетка до селото Manolas.

Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира).

По пристигнување на старото пристаниште трансфер со автобус до хотел.

Цена:  35 евра

Вклучува:

  • Трансфер со автобус хотел – пристаниште – хотел
  • Локален водич на македонски јазик
  • Билет за брод
  • Влезница во националниот парк Nea Kameni
  • Организација на екскурзијата

*** Во цената на излетите не се вклучени храна и пијалок               

***Цените на факултативните излети може да претрпат мали промени во зависност од цените на грчките партнери.

 

 

САНТОРИНИ 2015

(12 денA/9 ноќевања во вила/ хотел Maria’S Mill STUDIOS ** автобус+ брод +трансвер) 

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви  е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога  во егејското море и припага на групата острови  Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према  вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO  со највисок врв Prophifitis Ilias.Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка  североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени.Дожд врне понекогаш во зима ,а во текот на летото нема врнежливи денови. 

ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈА

Жителите на Санторини  претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI,потоа со одгледување на добро познатите ситни мали  санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во  санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата,на 260 м над површината на морето.

 01 ден-Скопје-Атина (Пиреа)

Состанок во 15.30 часот на паркинг пред хотел Холидеј Ин. Тргнување од Скопје во 16.00 часот.Патот води преку граничен премин Богородица/Евзони време за гранични формалности и попатни паузи.

02 ден -Атина (Пиреа) – Санторини (брод)

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Поаѓање(пловење) за Санторини со брод BLUE STAR во 07.20 часот. Пристигнување на Санторини во 15.15 часот. Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Ноќевање.

02 ден – 10 ден Санторини

 Слободни активности и можност за организирање ФАКУЛТАТИВНИ излети. Ноќевање.

11 ден -Санторини – Атина (Пиреа) Слободно време.Во 13 часот по локално време трансфер до пристаниште. Поаѓање(пловење) за Атина (Пиреа) во 15.30 часот. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.30 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје.

12 ден -Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Сместувањето е во вила/ хотел Maria’S Mill STUDIOS **  на база нокевање, во центарот

на ПЕРИСА , на само 150 м до преубавата плажа Black Sandy Beach , која изобилува со многу ресторани, традиционални таверни и многу beach барови со дневни и нокни забави.Собите се (двокреветни) 1/2 и (трокреветни) 1/3, секоја од нив има страничен поглед према море, располага со сопствено купатило, балкон пред влезот во секоја соба, сопствена мини кујна, нес кафе секое утро, електричен бокал за топла вода, tv, ac, wi-fi, сопствен базен, лежалки околу базен.Секојдневно одрзување на хигиена на собите, промена на пешкири секој ден, а секој трети ден промена на постелинина.

 Ви го подаруваме најубавото зајдисонце на Санторини и

неверојатни -7% попуст за сите аранжмани на Санторини до крај на летото!!!!

Цена за пакет аранжман за 9 н по особа за сместување во 1/2 и1/3 соби      

Screenshot 27 Santorini

 

 

 

* * * * НОВО – САНТОРИНИ вонсезона / Септември и Октомври* *

 * * со цени како Халкидики !?!?! * *

 

(Цени за пакет аранжман за 7 н по особа за сместување во 1/2 и 1/3 соби)

                    ПОНУДА ЗА СЕПТЕМВРИ И ОКТОМВРИ

Screenshot 31 Santorini

 

 

Цена за вила / хотел  MARIA’S Mill STUDIOS ** за индивидуалци по ден по особа во 1/2 и1/3 соба   

Screenshot 4 Santorini

 

Во цената е вклучено:

- 9 ноќевања  во 1/2 и 1/3  соби по лице,во горе наведениот вила /хотел /Периса.

- превоз со автобус (автобус еко 4, тв, клима, вц) на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.

- превоз /пловење со брод  на релација Атина (Пиреа) – Санторини – Атина (Пиреа) – економска   класа BLUE STAR.

- трансфер пристаниште-хотел-пристаниште +водич.

- 9 ноќевања  во 1/2 и 1/3  соби(пакет аранжман).

- организација на аранжманот и пратител на групата.

- асистенција на локален водич за целиот престој +претставник од агенцијата.

Во цената не се вклучени:

-Појадок континентален /кој чини 2 еур/ден/125.00 ден.

- Факултативни излети.

- патничко осигурување 0,80€/490.00ден.

Услови/напомена

-за сместување во 1/1 соба се доплаќа + 70% од цената на хотелското сместување.

- деца од 0год-1.99 год бесплатно.

-деца од 2год-4.99 год плакаат 80 еур/4960 ден(само превоз+бродски билет).

-деца од 5год-11,99год плаќа 50% од вкупната сума на аранжманот по лице.

-За реализација на оваа програма потребен е минимум од 35 патника.

За користење само превоз и бродски билет Скопје-Санторини-Скопје:

 -Превоз со високотуристички автобус 80€/4960ден.

-бродски билет 75€/4650ден.

Доплата за :

- авионски седишта 10€ по правец.

-бизнис класа 25€ по правец.

- кабина 50€ по правец.

Напомени:

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата на 30% од целосната сума на аранжманот и фотокопија од пасош.

Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 10 дена пред тргнување.

Термините дадени во табелата се непроменливи. Деновите дадени во табелите се денови на тргнување од Скопје и пристигнување во утринските часови. Ве молиме минмум 24часа (еден ден) пред секое тргнување од Скопје да се информирате за потврда на својата резервацијакако и за времето и местото на поагање.

Информација за патници со сопствен превоз:

Бродски превоз фери за автомобил 90€/5580ден по правец.

Бродски превоз фери по лице 38€/2360ден по правец (економска класа).

 

Be a Friend, Share!